Никогаш видено решение: Samsung Galaxy S11 ќе има целосно иновативен лизгачки екран (ФОТО)- Слободен печат

Никогаш видено решение: Samsung Galaxy S11 ќе има целосно иновативен лизгачки екран (ФОТО)

Samsung на годишно ниво поднесува барања за голем број патенти, кои мораат или не мораат да се најдат во идните уреди или технологии на оваа компанија.

Овој пат, јужнокорејскиот гигант патентираше ефективно решение за обезбедување на најголемата површина на екран на телефон, кој може да се смести во џеб.

Пријавата за патент на дизајнот е поднесена кон крајот на 2018. година, по кодот „KIPO“ (Korean Intellectual Property Office). Патентот е одобрен кон крајот на мај, а јавно е објавен на 24. јуни оваа година.

Во рамките на патентот се наоѓаат и 14 скици, на кои може да се види модерниот дизајн на телефонот, со т.н. „edge“ дисплеј на компанијата Samsung.

Специјална карактеристика на овој модел е тоа што може да се прошири во ширина на телефонот, по што површината на екранот се зголемува за околу 50 проценти.

Со оглед дека станува збор за дизајн на патент, не постојат детален опис, кој дава одговори на прашањата за тоа како овој смартфон ќе се користи.

Фотографиите покажуваат дека екранот од десната страна е зголемен, додека флексибилниот дисплеј останува заштитен од екстерни влијанија.

Она што се истакнува кај дизајнот е и „punch-hole“ системот за камера, кој е сместен во средината на горниот дел на екранот. Тоа значи дека овој дел од екранот нема да може да се поместува.

Прочитај повеќе

Како да си играте со вашето бебе од 0 до 6 месеци?

Слободен печат

Модни трикчиња за да го скриете стомакот

Слободен печат

НАШИ МИЛЕНИЦИ: Цезар, толку голем, а толку питом

Слободен печат

Модни лекции што ни ги дава Кејт Мидлтон

Слободен печат

Мезе кое го носи духот на Мексико, пробајте го префинетото гвакамоле (рецепт)

Слободен печат

10 важни совети за користење на маскара

Слободен печат

Остави Коментар

3 × 1 =

Прочитај повеќе

Природни лекови против затнат нос, пробајте – делуваат

Слободен печат

ПОНИЖУВАЧКИ: Откриен прекарот кој кралската фамилија го користела за Меган

Слободен печат

Популарниот доктор посвоил две девојчиња, а потоа почнал БИЗАРЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Уште од 10 години ги „разубавувал“ (ФОТО)

Слободен печат

Што да правите во Скопје ОВОЈ ВИКЕНД

Јасмина Кантарџиева Димков

Карбокситерапија – современ метод на подмладување, што е и кој може да ја примени?

Слободен печат

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГО ИСМЕВААТ: Не знаел дека неговата сопруга е маж (ФОТО)

Слободен печат