Никогаш поблиски: Тони Цетински со сопругата се преселија во стан од 40 метри квадратни!

Еден од најпознатите музичари на овие простори – Тони Цетински (50), неодамна со сопругата Дубравка (35) се пресели од родниот Ровињ во Опатија и тоа во стан од 40 метри квадратни.

Фото: Инстаграм

Двајцата се скрасиле во преубавото гратче кое има нешто повеќе од 10.000 жители.

Како што изјавиле, никогаш не им било поубаво, а причината поради која ја избрале Опатија, Тони ја открил за „ИН Магазин“ – пишува хрватски Индекс.

Неговата сопруга се опоравува од мозочниот удар кој го доживеа во јуни 2019 година, а во Опатија оди на терапија.

Дубравка Цетински / Фото: Фејсбук

Пејачот вели дека по здраствените проблеми на Дубравка, инаку родена во Славонија, малку успорила со темпото и дека новиот начин на живот им одговара многу. Истакнал дека тој и сопругата никогаш не биле поблиски досега, бидејќи како што изјавил, не е возможно во стан од 40 метри квадратни да не се блиски.

Инаку, Тони во 2017 година со сопругата од Загреб се преселија во Ровињ, по 25 години живот во главниот град на Хрватска. Како што рекол Тони, двојката е пресреќна на новата локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот