Никогаш немало поголеми неверства во бракот и врските како сега! Се започнува од ова место…

профимедиа

Не велиме дека во минатото немало неверства, напрптив, но фактот што денес е многу полесно за луѓето да стапат во директен контакт едни со други, е всушност главната причина зошто има толку многу изневерени партнери во љубовните врски.

Се започнува на социјалните мрежи, бидејќи може да контактирате со кого сакате во било кое време.

Конкретно станува збор за социјалната мрежа Фејсбук, место каде најмногу од неверствата започнуваат, иако веќе постојат апликации за љубовни авантури, како на пример Tinder, апликација создадена само за да запознаете „некоја нова личност“.

Студијата која е направена во Британија вели дека дури 45 отсто мажи барем еднаш во животот биле неверни во љубовните врски или бракот. Не е занемарлив ниту бројот на жени кои го признале истото. Кај нив бројката е 21 отсто.

За паранојата да биде поголема, се започнува многу невино, со по некој взаемен лајк, потоа со зачестено лајкување фотки и постови, што евентуално ќе ескалира и во приватна конверзација на чет. Но, бидејќи ваквото темпо е се потранспарентно во очите на оние кои се сомневаат во своите партнери, а се почести се и кавгите меѓу паровите кои започнуваат со прашањето „Зошто имаш ставено лајк на оваа фотографија?“, неверниците може и да го прескокнат првиот чекор и директно да стапат во комуникација со личноста која ги освоила преку екранот.

Приватниот детектив од Австралија, Лук Атенс веќе 20 години работи на „пронаоѓање“ неверни партнери и тврди дека потенцијалните љубовници најчесто се запознаваат на Фесјбук.

– Денес на Фејсбук почнуваат скоро сите неверства. Како што луѓето се поврзани, така се создава повеќе можност за изневерување – открива детективот за Дејли Мејл.

Со оглед на тоа што ние луѓето сме визуелни суштества, ова и не е така изненадувачка вест. Поривот за нова авантура од лесно достапните фотографии, на некој начин го „тера“ мозокот да размислува дека му недостига баш таква личност во животот, која ја обожува баш таа музика, филм или уметност што ја споделува на Фејсбук и оди баш на тие места каде што оди; Што дефинитвно не значи дека токму таа личност со која по некоја случајност делите некои слични интереси, ќе ви одговара повеќе од личноста која веќе ја имате до вас…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот