Никогаш нема да погодите – Погледнете кое парче облека стана моден хит за време на пандемијата на коронавирусот (ФОТО)
Со оглед на тоа дека деновите ги поминуваме во карантин, на сцена стапија модни комбинации во кои царуваат женските чорапи…
Чорапите не се само модно парче облека и моден детаљ – тие претставуваат и неизоставен дел од нашиот стајлинг. Посебно оние кои ги носиме во карантин.
Според фотографиите од модните блогерки и трендсетерки, чорапите добиле водечка улога во светот на модата и, колку и да ви се допаѓа тоа или не, воглавно се носат со папучи или сандали.
И додека многумина се одлучуваат за нешто проверено, па бираат модели со неутрални бои, дамите од светот на модата попрвин се одлучуваат за живописни нијанси и впечатливи дизајни.
Кратките памучни чорапи ќе додадат некоја боја плус во вашот аутфит, а најдобро би било да изберете откачени или бохо дезени, спортски со испишани логоа од брендот или едноставни точки или линии.
Познатата американска блогерка Ленадра Медин, која го води блогот „Man Repeller“, ги покажала нејзините чорапи, додека стилистката Зина Шах избрала пастелни нијанси.
Колку чорапите навистина моментално се еден од најфотографираните модни парчиња на социјалните мрежи, зборува и фактот дека дамите од светот на модата направиле хаштази #socksoftheday и #sockselfie под кои ги означуваат своите фотографии.
Сè додека сме во карантин, опсесијата од чорапите сигурно и понатаму ќе расте, така што ви предложуваме уште денеска да го извлечете најдобриот пар од фиоката!