Никогаш нема да погодите од што е направена брадата на Двејн Џонсон во „Херкулес“

Profimedia

Филмот „Херкулес“ е снимен во 2014 година според романот „Херкулес – Тракиските војни“. Главната улога ја толкува Двејн Џонсон, а партнерка во филмот му е Ирина Шајк, која ја глуми сопругата на Херкулес.

Profimedia

За да се подготви за улогата Двејн напорно тренирал осум месеци. Изјавил дека сосема се изолирал, сакајќи да се трансформира и да се соживее со ликот, едноставно да исчезне во него, за улогата за која заработил 12 милиони долари.

Profimedia

Итересен факт е што брадата на Џонсон во филмот е направена од срамни влакна од тестисите на јак (крупно говедо по изглед слично на бизон, кој живее на висорамнините на Тибет). Влакната од животното се многу фини, но и многу скапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот