Никогаш не вели никогаш: Демпси за враќањето во „Вовед во анатомија“

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Патрик Демпси на фановите на серијата „Вовед во анатомија“ секогаш ќе им биде познат како доктор Дерек Шепард, иако неговиот лик почина во 11-та сезона. Меѓутоа, тој не ја исклучува идејата за враќање во серијата во иднина, што фановите особено ги радува.

Доктор Шепард направи ненадејно враќање во тековната сезона, каде гледачите го гледаа со сопругата Мередит на плажа. Беше тоа неочекуван пресврт за фановите, пишува „Fox News“.

Демпси се осврна на враќањето во серијата во интервјуто за „Variety“ каде изјави дека не се противи на повторното појавување во серијата на некој начин.

„Кој знае: Никогаш не вели никогаш со оваа серија, зарем не?“, изјави Демпси.

„Драго ми е што го направивме тоа оваа година, Крист Вернод одработи одлично раскажување на приказната. Беше тоа сјаен начин на луѓето да им дадеме надеж“, изјави тој.

Демпси беше дел од серијата од првата до единаесеттата сезона.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Зборувајќи за своето враќање во 17-та сезона актерот се осврна на епизодата која минатата недела беше емитувана во САД и делуваше како последен пат обожавателите да го гледаат во таа улога.

„Мислам дека тоа е прекрасен начин да завршиме. Намерата беше да им дадеме некаква надеж на луѓето, бидејќи тие двајца се култен пар. Изгубивме многу луѓе оваа година, помислата дека имаме ангели кои лебдат околу нас и се грижат за нас е така добра порака во светот во кој живееме. Така тоа за сите нас беше прекрасен крај на оваа приказна. Благодарен сум што го сторив тоа и среќен сум што им се допадна на фановите“, изјави актерот.

Елен Помпео остана главен лик во серијата, но обожавателите се жалеа поради загубата на неколку омилени ликови, како Демпси.

17-та сезона започна така што Мередит се зарази со коронавирусот, а се среќава и со семејството и пријателите кои претходно го прележаа, вклучувајќи ги Лекси Греј, Марк Слоун и Џорџ О-Мали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот