Никогаш не е доцна: Манекенка на 57- годишна возраст го освојува светот

Фото: Instagram

Актерка, претприемачка и модел која живее во Калифорнија и ги крши сите предрасуди поврзани со годините.

Кејти за првпат излезе на модната писта на 57-годишна возраст и стана инспирација за жените ширум светот.

Џејкобс има 57 години и е висока 160 сантиметри. Постојано ги охрабрува жените со различна форма, големина и возраст да ги следат своите соништа и да се борат за она што го сакаат.

Таа влегла во модната индустрија во 1991 година како модел на „Ford“, а минатата година стана најстарата „почетничка“ во познатото издание на костими за капење „Sports Illustrated“.

Таа учествувала на натпреварот и била меѓу шесте финалисти од 13 прекрасни девојки. Нејзиниот став и позитивност ѝ помогнале да се истакне.

„Само сакам да му покажам на светот што значи да се има 56 години. Имам уште многу работа“, изјави Кејти минатата година.

Џејкобс се покажа дека има влијание и врз помладите девојки.

„Се чувствувам како во ова списание да им помагам не само на другите жени на моја возраст, туку и на помладите девојки. Сите се преплашени од стареењето. Толку многу помлади девојки ми испратија порака и ми се заблагодарија затоа што повеќе не се плашат од стареење токму поради мене“, вели таа.

Кејти вели дека многу пешачи и сака фитнес и баш овие навики ѝ помагаат да одржува здрав ум и тело.

„Првпат стојам на црвениот тепих на 57 години. Бев толку благодарна за овој момент, се обидував да ги задржам солзите додека излегував“, откри Кети.

Извор: Bright Side.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот