„Никогаш не е доцна“: Грк тргна на училиште на 82 години

Фото: Helena Smith / The Guardian

19:45 часот е. Ѕвончето заѕвони за уште еден час и светот на класична Грција повикува на пензионерот кој уредно ги поставил својата кутија за молив и учебниците на малата дрвена клупа. Облечен во темен костум и полирани мокасини, Василис Панајотаропулос е убедливо најстариот ученик што го посетува Второто вечерно училиште во центарот на Атина. Најмалку половина од неговите соученици се на возраст како неговите внуци, пишува „Гардијан“.

Поминале речиси 70 години од кога Васили последен пат бил на училиште.

„Се откажав на 12 години за да му помогнам на татко ми на нивите“, вели тој, сеќавајќи се на своето детство во едно село на Пелопонез. „Но, во мојот ум и душа отсекогаш имав желба да се вратам. Тоа е желба која никогаш не исчезна“.

Кога наполнил 80 години, поранешниот сопственик на таверна ѝ рекол на својата сопруга Марија, пензионирана шивачка, дека конечно ќе си ја исполни таа желба. По речиси пет децении работа како готвач и водење свој бизнис („напорна работа, тежок живот“) во грчката престолнина, тој минатата година влегол низ железните порти на Второто вечерно училиште.

Денес тој е запишан во клас во кој вообичаено би се запишал 15-годишник – мисла поради која лицето му се насмевнува пред да се насмее. „Ах, да имам повторно 15 години“, вели тој. „Отсекогаш сум го имал овој сон, да бидам исполнет со знаење, но никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога навистина ќе го живеам“.

Одлуката на Панајотаропулос што го промени животот стана вирална кога тој како знаменосец ја предводеше училишната парада за одбележување на минатомесечната годишнина од Окси Денот – во знак на сеќавање на одлуката на Грција да им се спротивстави на италијанските сили и да влезе во Втората светска војна на страната на сојузниците. Тој беше снимен како гордо маршира пред Грчкиот парламент.

„Нему му беше дадена честа да го носи знамето бидејќи беше најдобриот ученик во класот“, вели Евангелија Патераки, директорка на училиштето. „Тој е исклучително вреден и им нуди многу на другите студенти. Многу е трогателно да се видат луѓе кои ја немале истата можност, кои морале да работат, како се враќаат на училиште“, додава таа.

Во Грција, чие население се предвидува драстично да се намали во текот на следните 25 години четврт век, одлуката на пензионерот е посебно интересна. До 2050 година, околу 35 отсто од населението на Грција ќе биде на возраст над 65 години, според Евростат.

„Во општества како нашето каде што очекуваниот животен век е во пораст, тоа испраќа порака до луѓето на слична возраст дека во животот никогаш не е доцна. Но, тоа исто така им помага на оние на помлада возраст да се соочат со стареењето“, вели д-р Павлос Балтас, демограф во Националниот центар за социјални истражувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот