Никифоров: Зеленски начелно се согласува на средба со Путин во Истанбул

Владимир Зеленски и Владимир Путин
Владимир Зеленски и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH/YURI KOCHETKOV

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој сака да му организира средба со Владимир Путин, објави денеска украинскиот портал „Вести“, цитирајќи го членот на прес-службата на украинскиот претседател Серхиј Никифоров.

Порталот соопшти дека го контактирале Никифоров, кој им соопштил дека е рано да се зборува за форматот на средбата. Тасс пренесува дека според Никифоров станува збор само за начелно прифаќање на ваква средба.

Зеленски вчера имаше телефонски разговор со Ердоган, а претходно и рускиот претседател разговараше со својот турски колега .

Според соопштението од кабинетот на Ердоган, тој му кажал на својот украински колега дека Турција е подготвена да продолжи со напорите да посредува во мировниот дијалог меѓу Русија и Украина.

За време на вчерашниот телефонски разговор со Путин,апк, турскиот претседател понуди да организира состанок во Истанбул на кој ќе присуствуваат претставници на Русија, Украина и Обединетите нации.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот