Никица Кусиникова: Потребна ни е промена на организациската култура кај работодавачите

„Жените постојано се во трка со времето, стремејќи се да бидат добри во сите социјални улоги. Жонглирањето меѓу обврските на работа и семејство е особено изразено кај мајките што се грижат за децата. Предзивик е, истовремено да се напредува во кариерата и да се биде добар родител. Повеќето жени ќе кажат, „Кога се сака сè се може“ и „Со добар план и организација може да се направи сè и на работа и во домот“, но во реалноста жената да биде успешна на двете полиња, потребна е промена на организациската култура кај работодавачите, односно поддршка од организациите каде што работи“, вели Никица Кусиникова, извршен директор на „Конект“.

Согледувајќи ја оваа потреба, проектот „Мамфорс“ (Mamforce) се залага за подигнување на свеста за важноста од балансот меѓу работата и приватниот живот, првенствено за вработените жени, за кои оваа секојдневна битка е најмалку лесна. „Мамфорс“ е алатка за родова еднаквост и одличен начин работодавачите да привлечат и да задржат квалитетен кадар, вреднувајќи ја индивидуалноста и давајќи поттик вработените да бидат што подобри работници и сѐ подобри личности. Со имплементацијата на „Мамфорс“ стандардот се подобрува сегашната практика, а тоа се постигнува преку воведување флексибилни работни ангажмани, специјализирани услуги, кои на вработените им ја олеснуваат грижата за семејството и програми за менторирање, кои овозможуваат балансирана родова застапеност, на помалку застапените жени или мажи во организацијата им помага да напредуваат во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот