„Најк“ заработи парична глоба од ЕК

Производителот на спортска опрема „Најк“ доби голема казна од Европската комисија поради тоа што попречувала продажба на брендирани производи во европската економска зона.

„Спорната рестрикција се однесуваше на производи на некои од најпознатите европските фудбалски клубови и федерации, за кои „Најк“ поседува лиценца“, соопштија денеска од Европската комисија.

Освен производството на спортски обувки, „Најк“ се занимава и со лиценцирање производи, најчесто станува збор за брендот на некој фудбалски клуб. Овие производи не се интелектуална сопственост на „Најк“, туку марката им доделува лиценци на трети страни, кои потоа добиваат право да ги комерцијализираат производите.

ЕК го казни „Најк“ во рамките на активноста на лиценцирање, прецизира прес-службата.

„Фудбалските фанови сакаат да имаат брендирани производи од нивните омилени тимови, „Најк“ спречуваше голем број од неговите клиенти да ги продаваат овие брендирани производи во други земји, што доведе до помал избор и повисоки цени за потрошувачите, ова е нелегално според правилата на ЕУ за конкурентност“, изјави Маргрет Вестагер, еврокомесарката за конкурентност.

Компанијата ќе треба да плати 12,5 милиони евра за кршење на правилата на конкурентност на ЕУ.

ЕК ја намали казната на четириесет отсто поради тоа што „Најк“ соработувале со истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот