Никарагва ги прекина дипломатските односи со Холандија

Никарагва
Знамето на Никарагва / Фото: Maynor VALENZUELA / AFP / Profimedia

Никарагва ги прекина дипломатските односи со Холандија, се вели во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи на оваа централноамериканска земја.

Владата на Никарагва ја донесе одлуката затоа што „интервенционистичката и неоколонијална“ европска земја „навредуваше и продолжува да ги навредува семејствата од Никарагва“, се вели во соопштението.

Претходно оваа недела, официјални лица на Никарагва го прогласија амбасадорот на Европската унија „персона нон грата“ и исто така рекоа дека земјата нема да го прифати новиот американски амбасадор, што ги подгрева тензиите меѓу претседателот Даниел Ортега и меѓународната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот