15 C
Скопје

Никакви препораки не важат во автобусите, тие се преполни со патници

Гужви, турканици, нервозни возачи и уште понервозни патници, кои по подолго чекање се принудени да се возат во преполни автобуси и покрај опасноста од шиење на коронавирусот. Вака изгледа автобускиот превоз во Скопје нешто повеќе од една година. Во целиот овој период, патниците што редовно или, пак, повремено ги користат автобуските услуги, апелираат до надлежните институции да воведат позачестени автобуски линии и на тој начин да се намали гужвата во возилата. Тие бараат од надлежните во овој период кога е донесена одлука за забрана за групирање и кога се затворени кафулињата и кафеаните, да се изнајде начин и да се намали можноста за групирање и на патниците во автобусите.

Патниците на дел од автобуските линии во Скопје се револтирани поради неможноста, како што велат, безбедно да стигнат на посакуваната дестинација и секојдневно стравуваат дека ќе се инфицираат со коронавирус поради неможноста да се држи препорачаната дистанца. Патниците што редовно го користат јавниот превоз се плашат дека во автобусот се превезуваат и граѓани кои одат на тестирање за коронавирусот, а во возилата, поради гужвата, не може да се одржува дистанца. Дополнителен проблем создаваат и патниците што одбиваат да носат маски, за кои надлежните велат дека се немоќни да ги отстранат од автобус доколку си платиле карта.

– Во време кога болниците се преполни, а заразени со коронавирусот има сѐ поголем број наши сограѓани, сите ние што секојдневно се превезуваме со автобус, сме изложени на опасност да се заразиме. Во автобус е невозможно да се одржува какво било растојание бидејќи огромен број патници го користат превозот. Најлоша е состојбата во раните утрински часови и во периодот кога луѓето се враќаат од работа дома – сведочи патничка од Аеродром.

Патниците бараат од надлежните да се зголеми бројот на автобуси што секојдневно сообраќаат низ улиците на главниот град и на тој начин да се намали гужвата во автобусите. Според нив, состојбата стана уште поалармантна откако е воведен полициски час, па речиси секој што тргнал без автомобил, брза час поскоро да стигне дома.

Од Град Скопје велат дека и тие како институција и ЈСП „Скопје“ се придржуваат на одлуките на Владата и на препораките на Комисијата за заразни болести, во однос на процентот на патници кој се дозволува во јавниот превоз.

– Ние како институција само се придржуваме до овие одлуки и не ги носиме. Како Град Скопје, ние ја мониторираме состојбата во однос на искористеноста на јавниот превоз на дневна основа, преку контрола на искористените билети. Преку овие статистики можеме да утврдиме дали се создаваат поголеми метежи на одредени линии и во одредени термини. Таму каде што детектираме дека се создава поголем метеж, интервенираме со зголемување на бројот на автобуси – информираат од Град Скопје.

Од Градот објаснуваат дека, од аспект на контрола, Град Скопје ги има зајакнато инспекциите, а тоа резултира со зголемен број казни за лицата што немаат билет.

– Во однос на патници што се возат без маска, не постојат механизми нашите инспектори да ги отстранат овие лица – децидни се од Градот.

 

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар