Никако не се јавувајте на овие повици, ќе платите превисока цена!

Значи, немојте да се јавите, а особено не одговарајте на пропуштен повик, затоа што тоа може да биде премногу скапо за вас.

Како што пренесува novac.hr, станува збор за измама, а овие денови бројни се броевите на мобилните телефони на жителите на Карловац кои се на листата на измамниците, кои на овој начин се обидуваат да заработат.

Една жителка на овој град вели дека со денови добива повици од странство, а некогаш и по десетина во денот.

Таа заклучила дека станува збор за нешто нелегално, па не се јавувала, но тоа ја иритира неа и нејзиното семејство. Броевите се по ред од земјите кои погоре се споменати, а се сомнева дека станала мета на телекомуникациска банда која до нејзиниот број дошла затоа што својот број на мобилен телефон го пријавила во именик кој се наоѓа во web именик.

Од полицијата во Карловац велат дека во текот на 2019. година во кај нив немало пријава од граѓани поврзани со споменатите случаи за измама преку телефонски повици од странство.

– Запознаени сме со таквите обиди за измама на подрачјето на другите полициските управи, а кои вклучуваат кратко повикување со цел на корисниците да им остане информација за пропуштен повик на кој корисниците можеби ќе возвратат на повикот, а тоа ќе резултира со високи трошоци (поврзување со меѓународни или стателитски броеви). Најдобра заштита од непосакуваните износи на сметката е игнорирање на овие повици, односно да не се возвраќа на пропуштените повици – велат од полицијата.

Тие додаваат дека секако треба да бидат дополнително внимателни, а доколку се посомневаат дека станува збор за злоупотреба или измама, истите да ги пријават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот