Никако да запрат поразите на МЗТ во АБА2 лигата

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Ова е веќе четврти пораз во регионалното натпреварување за нашиот шампион на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Вечерва во рамките од 20. коло во кошаркарската АБА2 лига составот на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен со резултат 82:84 (18:23, 20:21, 14:15, 30:25) загуби од Динамик.

Денешниот противник на македонскиот шампион исто така имаше три порази по ред до овој меч во СЦ „Јане Сандански“, но српскиот претставник од Скопје си заминува со двата бода.

Најдобри стрелци кај „металците“ беа новото засилување Олуџоби со 24 поени (пет скокови), Магдевски се истакна со 14 поени, а два помалку запиша Стојановски.

На спротивната страна 21 поен (четири асистенции) забележа Пашалиќ, следен од Смиљаниќ со 16 поени.

Моментно на табелата во регионалното натпреварување лидер е Борац со 38 бодови, шест повеќе од МЗТ Скопје, а по 31 имаат Широки Бројег и Сплит.

До крајот на регуларниот дел од сезоната играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов имаат уште два натпревари, на 5 март против Нови Пазар на гостински терен, а на 11 март „штрковите“ се домаќини на Ловќен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот