НИКАДЕ БЕЗ МАЧКИТЕ: Оскаровката има посебна врска со своите миленичиња

мачки никол кидман
Принтскрин/Инстаграм

Оскаровката Никол Кидман, покрај своите улоги, позната е и по нејзината љубов и поврзаност со двете мачки, Џинџер и Сноу.

Во едно интервју таа изјавила дека чувствува дека со нив има силна и нераскинлива врска. Затоа и секогаш ги носи со себе, а на минатогодишниот филмски фестивал во Колорадо тие прошетале со неа и на црвениот тепих.

Никол тврди и дека своите миленичиња ги носи со себе кога оди на долги пешачења.

Двете мачиња ги чува на својата фарма во Нешвил, каде има и кокошки и риби. За прошетка, мачките ги носи во транспортер во форма на ранец, кој тие го обожаваат и самите „скокаат“ во него и бараат да се шетаат.

Сепак ова не им се допаѓа на активистите за заштита на мачките, според кои за да ѝ биде удобно, мачката мора да има доволно простор да застане на четири нозе или целосно да легне.

View this post on Instagram

Happy #LoveYourPetDay!

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот