Ник Кејв е во фокусот на осмото издание на „Скопје синема сити“

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на рок-фотографот Немања Ѓорѓевиќ синоќа (29 јуни) почна осмото издание на Фестивалот на музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Изложбата е поставена во галеријата на КИЦ и ќе може да се посети до 5 јули.

Филмската програма на „Скопје синема сити“ ќе биде отворена со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20.000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард, на 30 јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на РСМ, со почеток во 20 часот.

Осмото издание на „Скопје синема сити“ се одржува од 29 јуни до 5 јули, а сите филмски проекции се одржуваат во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. По проекцијата на документарниот филм за Ник Кејв, на 30 јуни публиката ќе може да проследи и разговор со рок-фотографот Немања Ѓорѓевиќ.

На 1 јули на програмата се филмови од земјата во фокус – Србија. На 2 јули ќе бидат прикажани два извонредни документарни филмови за Ела Фицџералд и Рони Вуд. На 4 јули на програмата е македонската вечер со четири музички документарци на Јане Алтипармаков, а фестивалот ќе заврши на 5 јули со проекција на два документарни филмови за електронската музичка сцена.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно-информативниот центар – Скопје, Здружението на Србите во Македонија „Спона“, а во организација е на здружението „Номад-арт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот