Нигериски студенти протерани од Хрватска, полицијата мислела дека се мигранти

Фото: Принтскрин/Magazin Zurnal Online

Хрватската полиција привела двајца студенти од Нигерија, кои во градот Пула учествувале на Светското меѓууниверзитетско спортско првенство, пренесува сараевски „Журнал“.

Според информациите, полицијата ги спровела до Велика Кладуша и под закана од огнено оружје ги протерала во Босна и Херцеговина.

Порталот „Журнал“ тврди дека двајцата студенти од Нигерија на 12 ноември допатувале во Пула, а по завршувањето на споменатото натпреварување, пет дена подоцна допатувале во Загреб, откаде требало да полетаат до Истанбул, се до родниот град Лагос.

Но, тие до својот авионски лет никогаш не стигнале, бидејќи на улица во Загреб ги застанала и привела полицијата, ги пренела во шумата во близина на Велика Кладуша и под закана од огнено оружје ги натерале да преминат на територијата на БиХ.

Абија Ухен Александро (18) и неговиот колега Ебох Кенет Чинеду од Нигерија по натпреварувањето, се сместиле во хостел во Загреб, а потоа одлучиле да се прошетаат низ метрополата.

– На влезот во трамвајот не застана полиција. Не однесоа во полициска станица. Се обидовме да им објасниме кои сме и дека документите ни се во хостелот. Не обрнуваа внимание на тоа што зборуваме – вели за „Журнал“ Ебох Кенет Чинеду.

Потоа двајцата студенти биле пренесени на непознато место.

– Не изнесоа од станицата и не ставија во комбе. Не однесоа на непознато место. Двајца полицајци ни рекоа дека одиме во Босна. Јас никогаш не сум бил во Босна. Дојдов со авион во Загреб, им велев дека не знам за Босна. По некое време, комбето застана и тие не бутнаа во едни грмушки. Одбив да одам во шумата, а потоа полицаецот ми рече дека ќе пука во мене ако не се двжиам – раскажува Чинеду за медиумот од Сараево.

Нигериските студенти раскажаа дека биле преплашени и дека не знаеле што да прават. Мигрантите кои хрватската полиција заедно со нив ги натерала низ шумата да преминат на територијата на БиХ и ги пренеле до кампот Велика Кладуша.

Од Меѓууниверзитетскиот спортски комитет, организатор на светското првенство во Пула, во разговорот за „Журнал“ тврдат дека се информирани за случајот.

Претставникот на Комитетот Алберто Тангети рече дека имало вкупно пет учесници од Нигерија, четири студенти и еден професор, како и дека сите уредно имале виза.

Тангенти потврди дека двајцата Нигеријци биле учесници на натпреварувањето во Пула и дека имале хрватска виза, повратни авионски карти од Загреб за Истанбул и од Истанбул за Лагос.

Тој раскажа дека на натпреварувањето ги снимала и хрватска телевизија.

Седум дена подоцна, вели Тангенти, примил повик од кампот дека кај нив се наоѓаат двајца студенти од Нигерија кои хрватската полција ги протерала во БиХ.

– Не разбирам како тоа се случило, бидејќи полицијата во Пула беше информирана дека се тука – вели Тангенти.

Од организацијата велат дека ќе го контактираат Универзитетот во Пула, како и хрватското МВР и ќе се обидат да им помогнат на студентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот