Нигеријците плачат за помош: Немаме пари, а имаме најдобар тим

На десетина денови пред стартот на Светското првенство во кошарка, некои репрезентации мака мачат со повредите, а некои со финансиите.

По штрајкот на репрезентативците од Брегот на Слонова Коска и на Венецуела, на беспарица се жалат и кошаркарите на Нигерија. Тие се пожалија дека Министерството за спорт на Нигерија не сака да им даде средства наменети за подготовките.

Поранешниот кошаркар на Феднербахче и член на Јута џез, Екпе Јудо, смета дека Нигерија во моментов го има најдобриот тим во историјата.

„ Две недели пред стартот на Мундобаскетот во Кина, Министерството за спорт не сака да ни додели средства за тренинзи, патувања, исхрана. Имаме посебен тим, можеби најдобриот тим во историјата и се надевам дека брзо ќе се разрешат работите. Но, не сум изненаден од сево ова што се случува“, напиша Јудо на својот профил на Твитер.

Колегата на Јудо од репрезентацијата, Чимези Мету изјави дека кошаркарите од свој џеб си ги плаќаат подготовките.
– Голема чест и привилегија е да се игра за Нигерија на СП. Меѓутоа спортската комисија на Нигерија одбива да ни плати за тренинзите, патувањата, исхрана и за опремата. За сиве овие работи претседателот на Федерацијата и ние самите кошаркари го плативме од свој џеб – вели Мету.

Репрезентацијата на Нигерија се наоѓа во групата Б заедно со Русија, Аргенртина и Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот