Нигерија ја укина забраната за Твитер

unsplash

Твитер повторно стана достапен во Нигерија, откако Владата соопшти дека ќе ја укине забраната за веб-страницата за микроблогирање што е во сила седум месеци.

По разговорите со американската компанија, договорено е Твитер да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник, без да открие повеќе детали, јави ДПА.

Забраната е укината од ноќеска на полноќ по локално време.

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари на 5 јуни даде инструкции да се затвори платформата во земјата со околу 200 милиони жители.

Претходно, Твитер ја избриша контроверзната порака од претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше профилот на шефот на државата на 12 часа.

Нигериската Влада тогаш не даде конкретна причина за суспензијата. Сепак, беше наведено дека платформата постојано се користела за „активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот