НИЕДНА НЕ Е ИЗГЛЕДОТ: Кои карактеристики на мажот се најпривлечни за жената

врска пар

Физичкиот впечаток секако е важен, но постојат одредени карактеристики кои може целосно да го сменат впечатокот кој мажот го остава кај жената.

Тука спаѓаат одредени особини, детали и навики, кои жените обожаваат да ги гледаат кај мажите.

А, еве и за што се работи:

Смисла за хумор

Многу девојки и жени ја ставаат смислата за хумор пред физичкиот изглед. Ако прашате жена која е во врска што најмногу сака кај својот партнер, во најголем процент ќе добиете одговор „Неговата способност да ме насмее“. Добрата и здраво дозирана смисла за хумор покажува на интелигентен и креативен, но и сексуално привлечен маж.

Чување миленик, особено куче

Жените навистина сакаат мажи кои чуваат домашно милениче, а особено куче, бидејќи тоа им докажува дека тој е способен да биде грижлив за некој друг.

Спремност за ризик

Многу попривлечни им се мажите кои ризикуваат, без разлика за што и да се работи, отколку оние што играат на безбедната варијанта.

Црвена боја

Иако би можело да се каже обратното, важи и дека жените сакаат да видат маж облечен во црвена маичка или да носат црвен моден детаљ. Тоа освен што е симбол на сексуална привлечност, покажува и дека се работи за храбро машко кое е сигурно во себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот