Ниеден бугарски војник нема да учествува во воените дејствија во Украина, вели министерот Јанев

Стефан Јанев, Министер за одбрана на Бугарија/ Фото Архива на СП

Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија.

Јанев ги предупреди сите во армијата да се подготват за одбрана на татковината, пренесува БГНЕС.

Според министерот, сите во Бугарија веруваат дека земјата е речиси на работ на драматичен конфликт на нејзина или на странска територија.

-Всушност, зборуваме за мерки кои Бугарија е во состојба да ги преземе, додаде Јанев.

Тој коментираше дека Бугарија ќе продолжи да се потпира на дипломатските напори за надминување на кризата. Според него, Бугарија повеќе не сака да биде само консумент на безбедноста, туку полноправна и полноценета членка на НАТО, поради што од владата ја бараат најдобрата опција.

-Бугарија ќе направи чекор кон развивање сопствен одбранбен потенцијал, во насока на подготовка на баталјонска борбена група на бугарски војници, под бугарска команда, користејќи ја националната командна група, што ќе биде наш официјален став, рече Јанев, додавајќи дека бугарските анализи не предвидуваат ескалација, планови за заштита на националната територија, ниту, пак, планови планираниот контингент да замине надвор од Бугарија.

Видео на денот