„Ние не сме партија“?

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски. / Фото: Приватна архива

Може ли да стане збор за „непартиска и независна листа на кандидати за советници“, кога ем носителката на листата, ем кандидатката за градоначалничка на Скопје влегле во политиката и во градските и државните институции како партиски кандидати?

Многу сакам граѓански иницијативи за директна демократија – тема за која сум држел и обуки како граѓански активист. Затоа и бев љубопитен да видам како ќе функционира граѓанската платформа „Зелен хуман град“ и електронскиот формулар „Мој кандидат“.

На страницата на Зелен хуман град имаше повик „Кандидирај се во ЗХГ“ со правилата како да се кандидираш за „непартиска и независна листа на кандидати за советници на Град Скопје, на локалните избори во 2021 година“.

Со поднесувањето на кандидатурата, требаше да потврдиш дека:

Точка 4: „Не сум актуелен/а член на ниту една партија, и не сум бил/а во последните пет години“.

И, сега, што можеме да заклучиме откако излегоа главните кандидати на ЗХГ?

1) Главната кандидатка за градоначалничка не го исполнува клучниот услов да не била член на ниту една партија во последните години. Таа не само што била член на партија, туку и била во извршниот одбор на ДОМ, кога како партиски кадар била именувана за државна секретарка во министерство, а потоа и директорка на Државниот инспекторат до пред еден месец!

2) И носителката на т.н. „непартиска и независна листа на кандидати за советници на Град Скопје“ исто така не го исполнува условот да не била член на ниту една партија во последните 5 години. Пред 4 години, таа беше носителка на листа на партијата „Левица“ за Градот Скопје, кампањата ја водеше од име на партијата со повикување на партиската програма, и ја убедуваше јавноста дека е членка на партијата „Левица“.

Само две прашања:

Може ли да им се верува на кандидати што на збор се залагаат за директна демократија, а на дело ги кршат условите за кандидирање кои самите ги поставиле?

Може ли да стане збор за „непартиска и независна листа на кандидати за советници“, кога ем носителката на листата, ем кандидатката за градоначалничка на Скопје влегле во политиката и градските и државните институции како партиски кандидати?

Јас мислам дека не може, туку што мислите вие?

Пренесено од Цивил медија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот