Ние мислиме на Естонците, а тие ја победија Италија

Фото: fiba.basketball

Доста возбудливо е во „балонот“ во Перм каде што се играат квалификациите за пласман на Европското првенство 2022.

Денеска во нашата група „Б“ репрезентацијата на Естонија приреди изненадување совладувајќи ја Италија која го претрпе првиот пораз во квалификацискиот циклус.

Вчера добри три четвртини Македонија водеше рамноправна борба против „аѕурите“, но Естонците покажаа дека и тие имаат голема желба да бидат дел од следниот континентален собир. Дојдоа голем триумф после едно одиграно продолжение со резултат 105:101.

Во првата четвртина Италијанците стекнаа само еден кош позитива (21:20), наредните две ги добија нивните ривали со 23:34 и 22:28, а во еден момент имаа дури 22 коша разлика (46:68).

Но, во последните 10 минути се стопи сета негатива, тимот на Сакети комплет се врати, освојувајќи ја последната делница со 28:12.

Во продолжението од пет минути поснаодливи беа играчите на Тоијала (11:7) и на крајот дојдоа до многу важни бодови.

Македонскиот селектор Александар Тодоров после мечот со Италија изјави дека токму Естонија е нашата шанса за пласман на ЕП, но ваквиот резултат најавува дека задачата ќе ни биде многу тешка.

Сега нашиот пат до ЕП е многу потежок, ќе мораме две победи да оствариме во наредните три меча, една секако против Естонија (со 10 разлика или повеќе, на првиот меч загубивме дома со 72:81) и уште една против Русите или Италијанците, но под услов Естонија да загуби од Русија.

Нашите најдобри кошаркари својот втор меч во Перм ќе го имаат од 15.30 часот против домаќинот Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот