Ние ги потценуваме граѓаните – тие имаат голема политичка свест и култура, вели Мицкоски

Имер Селмани и Христијан Мицкоски во гостување на ТВ21 / 12 октомври 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ21 посочи оти граѓаните се свесни дека постојат политичари кои „ги злоупотребуваат нивните чувства и манипулираат заради моќ и бизнис“.

Одговарајќи му на поранешниот кандидат за претседател на државата, Имер Селмани, кој исто така гостуваше во емисијата на ТВ21, Мицкоски рече дека слично како и Селмани, и ВМРО-ДПМНЕ започнала „преткампања“ во која им се обраќаат на сите граѓани, без оглед на нивната националност, со што, според лидерот на опозицијата, граѓаните ќе ги перципираат како опција која гледа во иднината.

„Ние започнавме со една преткампања да се обраќаме на сите луѓе и цениме дека таа пред кампања практично доведе да луѓето нас не перцепираат како опција која што гледа кон иднината, дека сака сето она што е погрешно во изминатите 30 години, да понуди решение и да го корегира и да го исправи“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека неговата партија на претстојните локални избори е „чекор понапред затоа што јасно го дефинираат нивниот став и поддршка кон определен кандидат“.

„Јас мислам дека СДСМ нема коалиција, они имаат коалиција на централно ниво, но имаат коалиција и со Движењето Беса и со Демократската партија на Албанците и со Демократската унија за интеграција, но кога станува збор, сега на овие избори, за избор на градоначалници, еве да речеме во Тетово – и СДСМ има свој кандидат и госпоѓата Теута Арифи е од ДУИ, и Сади Беџети од ДПА и Биљал Касами од Беса. Слична е ситуацијата и во Струга. Сакам да кажам таму нема ниту формална поддршка“, рече Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот