Ние ги победивме, а тие ќе играат за европската титула (ВИДЕО)
Вечерва во првата полуфинална пресметка пред полни трибини во арената „Стожице“ во Љубљана, Словенците со резултат 3:1 (25:23, 24:26, 25:22, 25:23) по сетови ја совладаа Полска.
Интересен е податокот што македонската селекција која дебитираше на ЕП ја совлада Словенија во групната фаза, но на крајот домаќинот ќе игра за тронот. Иако според квалитетот Полјаците ја имаа фаворитската улога, на еврошампионатот ќе се борат само за бронзениот медал.
Matchpoint between Slovenia and Poland. Feel the energy of the crowd in Stožice Arena. #EuroVolleyM #Volleyball ?
Read the match report here: https://t.co/QNnzGpqAlD pic.twitter.com/3ZwWUY6YGN
— EuroVolley (@CEVEuroVolley) September 26, 2019
Најефикасни во победничките редови беа Тине Урнаут со 18 и Клемен Цебуљ со 15 поени, а на спротивната страна доминираше Вилфредо Леон Венеро со 22 поени.
Словенија по вторпат во четири години се наоѓа во финалето, во 2015 загубија со 3:0 од Франција. Полска која има зад себе вкупно осум медали, ќе се бори за својот трет бронзен медал. Претходните два ги освои во 2011 година кога беше подобра од Русија (3:1) и во далечната 1967 година.
Второто полуфинале е закажано за в петок од 21.00 часот помеѓу репрезентациите на Франција и Србија. Завршните два натпревари на ЕП ќе се играат во Париз, в сабота од 18.00 часот е битката за третото место, а борбата за златото е наредниот ден од 17.30 часот.