Ниа Вардалос: Го снимаме третиот филм од франшизата „My Big Fat Greek Wedding“

Ниа Вардалос
Ниа Вардалос / Фото: Принтскрин/IMDB/EPA-EFE

Ѕвездата од филмот „My Big Fat Greek Wedding“, Ниа Вардалос оваа недела на своите следбеници на „Инстаграм“ им одржа лекција по грчки јазик и соопшти многу добра вест!

Актерката во објава рече дека третиот филм од франшизата веќе се снима во Грција – и дека таа го режира. Таа, исто така, им се заблагодари на верните фанови за нивните „прекрасни пораки“ додека ги чекаа вестите за следниот дел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nia Vardalos (@niavardalos)

„Снимаме во прекрасната населба Плака во Атина“, рече таа, не откривајќи други детали за филмот.

„My Big Fat Greek Wedding 2“, продолжението на оригиналниот филм од 2002 година, беше објавен во 2016 година. Во филмовите, Вардалос глуми заедно со Џон Корбет, како и Лаини Казан и Мајкл Константин. Константин, кој се појави во двата филма како татко на Тула Портокалос, почина во 2021 година на 94-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nia Vardalos (@niavardalos)

Видео на денот