„Ни требаат нови луѓе, со нова енергија“: Спасовски нема да биде во новото раководство на СДСМ

СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување на ТВ21 откри дека нема да биде дел од новото раководство на Социјалдемократскиот сојуз.

„Апсолутно, јас тоа сум го кажал и говорам дека треба да имаме нови луѓе со нова надеж, нова енергија, нова понуда, не само пред членовите на СДСМ, туку и пред граѓаните и тоа треба да се реализира“, рече Спасовски.

Тој додаде и дека тоа што тој е координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, не мора да остане така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот