Меган Маркл / Фото: Profimedia

„Ни треба психотерапија!“: Поранешни вработени на Меган Маркл проговорија за „пеколната“ работна средина

Меган Маркл е обвинета дека толку тешко е да се работи со неа, што на нејзиниот персонал му била потребна „терапија“ поради нејзиното малтретирање, наведува „Венити фер“.

Таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, заедно работеа на различни проекти, како што се неговата книга „Резерва“ („Spare“), нејзиниот поткаст „Archetypes“ и нивниот документарец на платформата Нетфликс. Додека некои соработници ги напуштиле проектите од практични причини, други тврдат дека имале сериозни тешкотии во прифаќањето на нивните грандиозни идеи.

Еден вработен кој работел на поткастот „Archetypes“ завршил на долготрајна терапија поради соработката со Маркл, додека други тврдат дека земале долги паузи од работата за да ја избегнат војвотката, пред целосно да заминат, односно да дадат отказ.

„На тебе може да се вика и без некој да го подигне гласот“, изјавил еден од поранешните соработници.

Само пред неколку години, неколку поранешни вработени на војвотката од Сасекс ја обвинија за создавање токсична работна средина, со тврдења за вербално злоставување и малтретирање.

Меган Маркл поткаст
Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Во процесот на размислување за соговорници за поткастот кој го имаа договорено со Спотифај, војводата од Сасекс наводно сакал да води серија во која би интервјуирал моќни мажи со комплицирани приказни, како Владимир Путин и Доналд Трамп. Хари особено бил заинтересиран за тоа како нивните лични искуства ја обликувале нивната социопатска природа. На крајот, речиси две години по потпишувањето на договорот, Маркл го претстави својот поткаст „Archetypes“, кој има за цел зајакнување на жените и рушење на родовите стереотипи.

Нападите врз парот во последно време доаѓаат од сите страни. Нивните соседи во Калифорнија ги нарекле „најпривилегираните и најнеискрените луѓе на планетата“. Во низа остри коментари, богатите сопственици на куќи кои живеат во Монтечито, во близина на имотот на парот вреден 29 милиони долари, ги критикувале Хари и Маркл дека нивното некогаш мирно соседство го претвориле во бучно место полно со туристи и брзи автомобили.

Еден разгневен жител од ова предградие изјавил за новинар: „Се преселија од Англија за да побегнат од притисокот на медиумите, а сè што прават овде е привлекување на американските медиуми. Тие се вплетени во низа контроверзии откако го напуштија своето место како работни членови на кралското семејство и продолжија да живеат луксузен живот во Америка“.

Извршниот директор на музичката платформа Спотифај го нарече парот „проклети измамници“ откако заврши нивниот договор, а неодамна кулинарската емисија на Маркл на филмската платформа Нетфликс беше погодена од обвинувања дека ги копирала рецептите на други готвачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот