Ни трага од убијците на двете момчиња во Чаир

Полиција / Фото: МИА

Шест дена по двојното убиство во Скопје полицијата сè уште нема никакви информации кој и зошто ги уби 24-годишниот Бурим Вардари и три години постариот Африм Бериша.

Нивните тела беа пронајдени во петокот изутрината во автомобил „цитроен“ во близина на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во скопската населба Чаир.

Засега се знае дека напаѓачите излегле од возило и со пиштол и автоматска пушка марка „калашников“ пукале кон Вардари и Бериша, кои седеле во паркираното возило. Безживотните тела на двајцата млади скопјани биле пронајдени од полицијата рано изутрината, откако граѓани, пријавиле дека слушнале истрели. Лекар констатирал дека двете момчиња не даваат знаци на живот, а на местото се пронајдени чаури од пиштол и од автоматска пушка.

 

Изрешетан автомобил во Топанско Поле-застрелани две лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот