Ни Брижит Макрон не знае дали Емануел повторно ќе се кандидира за претседател на Франција

Profimedia
Фото: Profimedia

И покрај тоа што Брижит Макрон е сопруга на францускиот претседател, дури ни таа не знае дали тој ќе се кандидира за реизбор во април, пишува Ројтерс.

„Слушнав дека сака. Но, како и вие, и јас ја чекам неговата одлука“, изјави Брижит Макрон за ТФ1.

Претседателот на Франција од 2017 година, Емануел Макрон засега успешно ја крие својата желба повторно да застане на чело на земјата. Но, како и многу актуелни функционери пред него, тој се воздржува од официјалното започнување на својот предизвик, со цел да ја скрати кампањата и да ги минимизира ризиците.

Макрон, кој е најмладиот француски лидер по Наполеон, според анкетите е фаворит на изборите. Сепак, конзервативната противкандидатка Валери Пекрес претставува опасност за 44-годишната жена доколку успее да ја победи крајната десница во вториот круг од гласањето.

„Секој ден има свои изненадувања“, рече Брижит Макрон на прашањето за нивната врска.

Адвокатите на Брижит Макрон минатиот месец рекоа дека таа започнува правна постапка за ширење на неосновани тврдења дека таа е трансродова жена која е родена како маж.

„Јасно е дека тоа се лаги“, изјави таа за телевизиската мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот