Ни АНА ВИНТУР ни ВИКТОРИЈА БЕКАМ: Оваа жена е моментално НАЈМОЌНА во светот на модата

ана винтур викторија бекам

Глобалниот пребарувач за модни содржини, Lyst.com, го објави кварталниот извештај и на големо изненадување, меѓу најпребаруваните модни икони не се ниту Ана Винтур, ниту Викторија Бекам.

Извештајот е листа на најпребарувани модни поими и имиња, без разлика дали се работи за некој производ, личност, моден бренд или продавница.

Анализирани се податоците од околу пет милиони корисници, а на врвот на листата се најде едно име на кое не сме навикнати да го гледаме често во контекст на модата.

Се работи за Ријана, која според статистиката на Lyst, е најмоќната жена во светот на модата во првата половина од 2019 година. „Зад петици“ на Ријана и е нејзината естрадна колешка Бијонсе, а досега неколкукратно признаените модни икони Ана Винтур и Викторија Бекам се доста подолу на листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот