На пат во Косово се запалил автомобилот во кој бил началникот на армискиот Генералштаб Ѓурчиновски

Генерал потполковник Васко Ѓурчиновски/Фото: МИА

Автомобилот во кој се возел началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, вчера се запалил во возење на пат во Косово, информираа од Генералштабот.

Во соопштението се вели дека генералот Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на Јадранската повелба, при враќање низ Косово, на автопатот меѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови ненадејно избувнал оган кај моторот на автомобилот, но благодарение на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето, огнот бил изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски, заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето, го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратиле дома.

„Возилото веднаш по првиот знак на палење, безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето, истото е транспортирано во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ГШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот