НФЛ играч ја загуби раката по сообраќајна несреќа

Ѕвездата на НФЛ екипата Мајами долфинс, Кендрик Нортон во средата имаше сообраќајна несреќа која предвреме ќе му ја заврши кариерата.

Тој во тешка здравствена состојба е пренесен во болница во Мајами, но докторите не успеале да му ја спасат раката и морале да му ја ампутираат.

– За жал можам да потврдам дека Кендрик Нортон беше дел од сообраќајна несреќа. Имаше многу повреди, а ампутирана му е раката. Ве повикувам да се молите за него. Семејството Нортон ве моли да ја почитувате нивната приватност – изјави неговиот менаџер, Малки Кава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот