НФФ: Родот квалитетен – откупот неизвесен

Пченицата е единствениот производ кој има стратешко значење дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој. Со производство од приближно 240.000 тони годишно, земјава не ги задоволува своите потреби и е увозно зависна.

Дванаесет денари за килограм би била оптималната цена за килограм пченица велат пресметките на земјоделците но Националната федерација на фармери стравува за годинешниот откуп иако жетвата самошто не почнала.

Од таму велат дека годинава приносот ќе биде со голем квалитет.

Федерацијата ја следи ситуацијата, а подготви и препораки за нејзино ублажување.

– Минималната цена за килограм пченица треба да биде 12 денари. На ваков начин ќе се заштитат малите производители. Доколку производната цена е повисока од откупната треба да се спроведе интервентен откуп. Државниот инспекторат за земјоделство, пак, треба да врши зачестени контроли на откупните пунктови, посебно во делот на издавање кантарни белешки, склучување договори и почитување на берзанските откупни цени, наведува НФФ.

Федерацијата бара надлежните да кажат и со колку резерви пченица располага државата.

Пченицата е единствениот производ кој има стратешко значење дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој. Со производство од приближно 240.000 тони годишно, земјава не ги задоволува своите потреби и е увозно зависна.

-Македонското производство на пченица едвај преживува, бидејќи не постои систем на гарантиран откуп и навремена исплата, ниту планска сеидба или договорно производство, а ретко се прави и интервентен откуп, иако постои законска можност. Сето ова доведува до намалена употреба на современи технологии и инвестиции во производството и го прави овој потсектор еден од најпогодените, вели Стеванче Јорданоски, тим лидер на потсекторската група за пченица во Националната федерација на фармери.

Според статистичките показатели, производството на пченица опаѓа од година во година (земајќи ги предвид и флуктуациите како резултат на климатски фактори). За период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20 отсто, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2017 година, разликата е 44 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот