Незначителна снежна покривка во Куманово

Снег во Куманово/ Архива на СП

Незначителна снежна покривка се формираше во Куманово од вчера, до денеска и не предизвика проблеми при одвивање на сообраќајот на локалните патни правци.

Вчера, како што информираше градоначалникот, Максим Димитриевски, службите за зимско одржување на улиците беа на терен и распрскуваа средство против заледување на коловозот. Воедно, екипите на ЈП „Чистота и Зеленило” на градскиот плоштад распрскуваа средство против заледување.

– Екипите на ЈП „Чистота и зеленило” вршат прскање со „ICE MELT” средство против подмрзнување на градските плоштади, тротоарите и други фреквентни места во градот. Средството е неотровно и безбедно за околината, напиша Димитриевски.

Претходно, надлежните од одделнието за јавни набавки информираа дека општина Куманово одвои 8 милиони 645 илјади денари за зимско одржување на улиците. Сепак, за разлика од претходните, годинава општината ќе ги плаќа средства на претходно завршена услуга

Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона, појаснуваат од одделението за комунални дејности. При врнежи од снег ќе се чисти по приоритет како и претходните години првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, потоа следува втората зона, ќе се чистат и улиците и населените места по налог. Избраната компанија, велат надлежните поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различна јачина, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер. Фирмата има и доволно количина на сол и ризла.

Покрај улиците на градот, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот