Незири: На локални избори албанско-македонските коалиции полесно се постигнуваат

Аналитичарот Џелал Незири оценува дека албанско-македонските коалиции на локалните избори се полесно се постигнуваат, бидејќи, како што вели, тие биле реалност во секој изборен циклус, но не биле јавно објавени.

– Над-етнички коалиции ќе има за Град Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и други мултиетнички градови, каде што една етничка припадност има доминантен процент. Во Скопје, коалицијата СДСМ-ДУИ на изборите во 2017 година го изнесе победникот во прв круг. Во Куманово, Тетово, Охрид и Битола победија кандидати од истите партии, а во Гостивар се случи непријавена коалиција Алијанса-ВМРО-ДПМНЕ, што беше клучно за победата на актуелниот градоначалник. На локални избори албанско-македонските коалиции полесно се постигнуваат, бидејќи, тие биле реалност во секој изборен циклус, но не биле јавно објавени, изјави Незири за „Слободен Печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот