Незгодни прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте сродни души

Дали навистина сте толку компатибилни како што мислите?

Целосното запознавање на некој важен е целта на односот бидејќи во иднина можеби ве очекува заедничка иднина, соживот или брак. Всушност, компатибилноста е повеќе од обично дружење и фактот дека и двајцата обожавате суши.

Заедничкиот живот за жал не вклучува само убави работи како патувања или одење во кино, туку и по некој пад, па дури и несогласувања. Токму затоа е важно на време да откриете дали сте ја пронашле сродната душа, а во тоа можат да ви помогнат и прашањата кои ви ги претставуваме во продолжение.

Нормално, ниту еден однос нема гаранција, па така ниту еден одговор на некое од овие прашања не може да ви гарантира дека засекогаш ќе останете заедно, но може да биде добар показател во која насока оди вашата врска.

1. Дали си спонтан или подраго ти е деталното планирање?

2. Со кои зборови би се опишал и зошто?

3. Како би те опишале поранешните партнерки?

4. Како би те опишале деловните соработници?

5. Во што си најдобар?

6. Во што си најлош?

7. На што си многу горд?

8. Што би променил на себе си?

9. Како се однесуваш кога ќе се најдеш во ситуација која ти е непријатна?

10. Веруваш ли во „виша сила“ и судбина?

11. Кои празници ти се важни и како ги одбележуваш?

12. Кога би имал пет минути да ја напуштиш куќата, што би понел со себе?

13. Да не го работиш тоа што сега го работиш, со што би сакал да се занимаваш?

Јасно сите овие прашања не треба да ги изговорите во еден здив и да ги поставите како на интервју за работа. Вметнете ги во секојдневниот разговор и потрудете се убаво да го слушнете тоа што партнерот ви го зборува. Така подобро ќе го запознаете, но и ќе го разбудите односот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот