Нездравиот живот, дебелината и загадениот воздух ја креваат смртноста од ковид-19, вели д-р Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски во гостување на Канал 5 / 24 септември 2021 / фото: Канал 5 / принтскрин

Зголемената телесна тежина кај младите, како и загадениот воздух во Скопје и во други места во земјава се фактори кои влијаат врз смртноста од ковид-19, рече доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во вечерашното гостување на телевизијата „Канал 5“.

„Нездравиот живот на младите си носи свој ризик. Ние имаме екстремно дебели нови генерации со зголемена телесна тежина. Загадениот воздух што го дишеме, Македонија со години е меѓу најзагадените земји во светот. Сето тоа предизвикува респираторниот систем постојано да биде изложен на отрови“, рече тој.

Д-р Беќаровски укажува на тоа дека голем дел од населението не може да си дозволи да се тестира на секоја кашлица, поради тоа што ПЦР тестовите не се бесплатни.

„Јавното здравство не може да испорача доволно тестови за граѓаните. Тоа што за 30 години ни се случи здравството да биде во втор или трет план, сега ни се враќа. Според мене, секој здравствен дом треба да тестира 24 часа во неделата. Вака целиот наплив на градот доаѓа во Клиниките, поточно Токсикологија“, смета Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот