„Независне“: Контејнери полни со кокаин фатени на патот кон БиХ

Фото: Архива

Најголем дел од кокаинот вреден 50 милиони евра, кој во меѓународна акција беше запленет од италијанската полиција требаше да заврши на пазарот во Босна и Херцеговина, пишува „Независне“.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ приведе две лица, a во оваа голема меѓународна акција приведени се поголем број на луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Со оваа акција пресечен бил голем синџир на организиран шверц на дрога за кој најпрво дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела оваа голема пратка на кокаин.

„Независне“ дознава, дека во едно пристаниште во Италија полицијата запленила неколку контејнери полни со кокаин кој требало да бидат пратени во Бар во Црна Гора, a потоа во Македонија и БиХ.

Полициски извори за порталот „Независне“ потврдиле дека од контејнерите биле извадени 970 пакети тешки 1.128 килограми, а лажна пратка со еден килограм дрога била запечатена заедно со систем за следење за да се утврди за каде е наменета така голема количина кокаин.

Во пристаништето Бар по оваа пратка стигнале шест камиони, од кои четири биле од Македонија, а два од Босна. Наместо кокаин во овие камиони имало само еден килограм оставен намерно од италијанската полиција.

Два празни камиони без кокаин продолжиле во БиХ, следени од полицијата.

Од СИПА потврдуваат дека учествувале во оваа меѓународна акција на разбивање на шверц со дрога, дека две лица се приведени, а повеќемина биле претресени, но не даваат детали за тоа чии биле камионите што влегле во БиХ.

Поратлот „Независне“ пишува дека имаат информација дека македонската полиција има документ од странските партнери дека крајната дестинација на 1,2 тони кокаин била Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот