Независната пратеничка група се сретна со Ципрас: Ни честиташе за нашата визија и храброст

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, денес 02.04.2019 оствари средба со Премиерот на Република Грција господин Алексис Ципрас.

На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ, стои во соопштението на Независната пратеничка група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот