„Независне новине”: Германецот Шмит во јуни доаѓа за висок претставник во БиХ

epa06270675 Kristian Schmidt (L), newly-accredited Ambassador of European Union (EU), arrives for a reception of ambassadors to Myanmar at the President House in Naypyitaw, Myanmar, 17 October 2017. EPA-EFE/HEIN HTET

Во следните неколку недели може ќе да се донесе одлуката за избор на нов висок претставник во БиХ, а германската Влада, која го номинираше Кристијан Шмит за оваа функција, е уверена дека тој ќе ја добие довербата од Совет за имплементација, пишува денеска весникот „Независне новине”.

„Првично беше планирано одлуката да биде донесена на почетокот на март, а сега е можно одлуката да се донесена кон крајот на март или следниот месец. Во секој случај, очекуваме Шмит да стапи на должност во јуни, и покрај ова мало задоцнување”, пишува весникот од Бања Лука, повикувајќи се на германски извори.

Шмит, вели изворот, деновиве се обидува да стапи во контакт со највисоките државни службеници, на кои сака да им го претстави својот концепт и планови за работа.

Планот, како што се додава, е Шмит тесно да соработува со Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ и заедно да работат на спроведувањето на реформската агенда за ЕУ, како и на исполнувањето на препораките од мислењето на Европска комисија.

„Можеме да кажеме дека неговата работа ќе биде да ги имплементира условите „пет плус два” за завршување на мисијата на ОХР. Дали тоа ќе биде работа што ќе трае две, три, пет или повеќе години не е целисходно затоа што непотребно ќе создаде вештачки рок што ќе создаде непотребни очекувања и шпекулации”, навдуваат неименуваните извори за весникот.

Клучната цел ќе биде соработката со САД, ЕУ и земјите-членки на ЕУ, како и другите партнери во Советот за спроведување на мирот.

Весникот наведува дека Шмит нема намера да отфрли ниту една алатка што како Високи претставник ќе му стојат на располагање, но дека намерата е да ги охрабри домашните актери на реформи и конструктивен дијалог без ревидирање на минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот