Незапирливо чекориме кон Европа, порача Али Ахмети од Шипковица

Али Ахмети
Али Ахмети, лидер на ДУИ/ Фото: Фејсбук

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од функционери на неговата партија, вечерва се сретна со жители на шарпланинските села Расадиште, Гајре, Лисец, Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце. Покрај Ахмети, говори пред присутните одржаа генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири

„Посакувам Коридорот 8 да започне што поскоро бидејќи тоа е капитална работа, по јазикот, знамето и универзитетите. Шар Планина ја прогласивме за Национален парк бидејќи нашето природно богатство можеме да го искористиме како туристичка точка. Зборувавме за државни симболи и универзитети, но сега е време да се бара квалитет, да се рангираме на повисоки позиции по квалитет“, рече Ахмети.

Ахмети откри и дека се сретнал со претставници на Украина, кои ги охрабрил да бидат силни и да не се откажуваат, како и дека ќе ја добијат војната со Русија. Лидерот на ДУИ зборуваше и за евроинтеграциските процеси, кои ги оцени како незапирливи.

„Сега како мисија ја имаме Европската Унија бидејќи само така ќе го подигнеме животниот стандард, ќе обезбедиме повисоки плати за нашите граѓани, постабилен живот и европски стандарди. Тоа е единствениот начин да се запре миграцијата. Има скептици, како и секогаш, за членство во НАТО, за министрите, директорите и за претседателот на парламентот кои се Албанци, но тоа се задачи кои се успешно извршени. Со овие достигнувања докажавме дека и оваа земја е наша и подготвивме тимови во кои инвестиравме“, рече Ахмети.

Тој се пофали и дека бил „еден од иницијаторите на распаѓањето на поранешна Југославија“

„Јас сум меѓу иницијаторите на распадот на поранешна Југославија, така што овој политички плурализам нѐ прави свесни колку сме постигнале низ годините. Секогаш сум за реформи, но секогаш со принципот дека Албанците треба да бидат господари во сопствената држава и достоинствено претставени“, рече Ахмети пред присутните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот