Незапирливата Меган Маркл: Сака да биде дел од суперхероите на „Марвел“

Веќе подолго време се зборува дека Меган Маркл сака да ја оживее актерската кариера. Веста дека ќе добие главна улога во филм на „Дизни“ го заобиколи светот.

Но очигледно тоа не ѝ е доволно. Нејзините аспирации се поголеми. Дејли мејл пишува дека Меган му рекла на нејзиниот агент да ѝ обезбеди улога во некој од филмовите на „Марвел“.

„Таа сака да се врати на големото платно во улога на суперхерој“, открива извор близок на агентот на Меган за британскиот таблоид Дејли мејл.

„Меган бара филм погоден за неа. Достапна е и отворена за најдобрите понуди. Организираше серија состаноци во Холивуд. Веќе направи договор со „Дизни“, а сега веќе договара состаноци со Марвел“, открива изворот.

Ник Колинс, агентот на Меган, е зафатен со собирање понуди.

„Рече дека сака да се врати во глумата и да глуми во некој од филмовите со суперхерои“, рече извор близок на агентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот