НЕЗАПАМЕТЕН КАРАМБОЛ ВО ЗРЕЊАНИН: Автомобил влетал во кафуле, тројца повредени

Фото: Зрењанински

Изутринава се случила тешка сообраќјна несреќа во Зрењанин, при што автомобил, откако се судрил во друго возило, влетал во кафуле, а три лица се здобиле со повреди, пренесува Курир.рс.

Од тамошната полиција било потврдено дека сообраќајката се случила околу 7.10 часот утрово, информираат српските медиуми.

Според овие информации, трите лица веднаш биле пренесени во Ургентен центар, но не е позната тежината на повредите со кои се здобиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот