Незаменлива состојка: Зошто во рецептите е важнa температурата на путерот?

ПУТЕР
Фото: Instagram

Сочниот и добар вкус се најчестите причини поради кои путерот е главна состојка во рецептите за десерти, но има и неколку важни ставки. Во рецептите за колачи, кекси или пак мафини путерот е важен бидејќи ги штити протеините и скробот, што овозможува да бидат меки и сочни. Исто така, во овие рецепти путерот се меша со шеќер пред да се додадат состојки, затоа што ова помага да се исфрлат воздушните меурчиња од смесата и да не стане тешка и цврста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maple fine food LLC (@maplefinefood)

Во рецептите најчесто путерот се препорачува да биде на собна температура, затоа што така нема да се крши додека го мешате и на крај ќе им ја даде потребната мекост на колачите. Дали путерот е доволно омекнат ќе знаете ако тој не ја изгубил формата и ако допрете со прст мора да остане јасен отпечаток, односно путерот треба да остане ладен на допир. Обично му треба половина час да омекне на собна температура.


Ладен путер е идеален за изработка на лиснато или ронливо тесто. Тој ќе овозможи при печење да се создадат фини слоеви и да се крене тестото во ширина и висина. Инаку, путерот мора да го чувате во фрижидер, во одделен сад за да не прими непријатен мирис од друга храна.

Видео на денот