Незаконска употреба на РК Вардар, не купувајте лоши копии!
Оригиналниот дрес на европскиот шампион може да го купите единствено во официјалната продавница на РК ВАРДАР и ФК ВАРДАР – Вардар Фаншоп лоцирана во СЦ Јане Сандански и on-line на www.vardarfanshop.com.
Во периодот по освојување на шампионската титула онлајн продавниците кои функционираат преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм беа преплавени со разновидни производи што го носеа логото клубот, и тоа со двете ѕвезди кои симболично ги претставуваат двете шампионски титули. Копија на црвено-црниот дрес што вардарци го носеа на настапот против Барселона во Келн, што е заштитен и во Hummel, исто така незаконски се нуди на продавници кои функционираат преку Фејсбук.
Клубот ги предупредува и своите навивачи да внимаваат од каде купуваат брендирани производи со логото на европскиот шампион.
-Разновидните фалсификати се продаваат без согласност од клубот, и сакаме да Ве повикаме да помогнете во заштитата на брендот Вардар и да не купувате од лошите копии на дресовите или производите кои незаконски го носат логото на Вардар. Воедно сакаме да предупредиме и на незаконска употреба на името РК Вардар и амблемот на Вардар при креирање на профили и страници на Фејсбук и Инстаграм, каде се објавуваат непроверени информации за клубот, со што се доведуваат во заблуда нашите фанови и читателите воопшто – информираат од македонскиот и европскиот ракометен првак.
Официјалната интернет страница е rkvardar.mk, додека официјалните профили на РК Вардар на Фејсбук и Инстаграм се RK Вардар, односно РК Вардар.