Незаконитости и прекршувања во изборниот процес ќе може да се пријават на сајтот на ДКСК

Фото: Слободен печат/ Даган Митрески

Доколку има сомнение за злоупотреба секој ќе може да пријави сомневање до ДКСК, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во деновите до почетокот на изборите, но и за време на изборите засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите, како и оние што на сите останати начини пристигнуваат до Комисијата и доколку постои и најмал сомнеж за основано коруптивно однесување ќе отвора постапки по сопствена иницијатива и по допрен глас, порача денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Тоа, како што рече Ивановска на денешната прес-конференција, ќе го прават со цел да го испитаат постапувањето и работењето на политичките партии и сите избрани и именувани функционери.

-На веб страницата на ДКСК повторно ќе биде активирана формата за пријавување на сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања на предвремените парламентарни избори, која ќе може да ја пополни секој кој има сознание за евентуални пркршувања на одредбите од Изборниот законик за забрана за употреба на буџестски средства, односно забранети дејствија на јавните инститции од денот на распишувањето на изборите, како и во текот на изборната кампања, рече Ивановска.

На веб страницата, додаде, ќе биде поставена и ажурирана веб апликација – Регистар на возила во државни органи, органи на локална самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал преку кој секој ќе може да ги пребара возилата по институција и регистарска таблица.

-Доколку има сомнение за злоупотреба секој ќе може да пријави сомневање до ДКСК, рече Ивановска.

Таа им препорача на државните институции во наредниот период  да внимаваат на почитување на законските норми од Изборниот законик и другите закони што го регулираат изборниот процес, но и на начелата за добро управување со интегритетот кои, како што рече, пред се, влијааат на легитимитетот на севкупниот изборен процес.

-Во периодот по утврдување на датумот за предвремените избори, а посебно во јануари сведоци сме на помасовно објавување на огласи за вработување што иако не е ограничено со Изборниот закон и со нашиот закон остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело дотолку повеќе што некои конкурси не можат да јадобијат својата заврница до изборите и на тој начин учесниците во конкурсите се ставаат во незавидна позиција, предочи Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот