Незадоволство кај вработените во МВР, Правда и шумската полиција – протест на КСОМ

Протест на КСОМ/ Фото; МИА

Конфедерацијата на синдикални организации денеска заедно со Независниот синдикат на полицијата одржаа протест, кој започна како поворка од автомобили кои минаа низ центарот на Скопје и завршија пред Владата.

Од Независниот полициски синдикат истакнаа дека протестот е резултат на незадоволството кое владее кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор потпишан во мај, со кој правата на овие вработени, како што велат тргнале по надолна линија.

-Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, порачаа учесниците на протестот.

Oд Конфедерацијата се заканија дека доколу бидат игнорирани ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот