Незадоволствата во ДУИ се лични, не програмски

Функционери на ДУИ, Фото: Архива

Незадоволствата во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се лични, а не програмско, вели Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој во изјава за „Слободен печат“.

– Нема знаци дека ова е војна меѓу генерациите во ДУИ. Едноставно, интересот е за подобри позиции и лични кариери на двете групи кои имаат тенденција да се покажат пред Али Ахмети како фракционист. Всушност, несогласувањата не излегоа од програмски несогласувања, туку едноставно избувнаа во текот на летото, откако Груби се искачи на врвот на политиката, а Меџити започна да обвинува за неуспех на програмата или проектот.

На крајот на краиштата, нема никакво несогласување помеѓу Ахмети и Џафери бидејќи тие попладнето и вечерата ги поминуваат заедно во Зајас. Оваа форма на презентација на партискиот кариеризам е изразена и во другите партии, изјави за „Слободен печат“, Ибраими.

По формирањето на Владата, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, Муса Џафери, Садула Дураку и градоначалникот на Сарај Блерим Беџети јавно го искажаа незадоволството према формацијата на ДУИ во владиниот кабинет. Меџити, како координатор на пратеничката група, не се појави во Законодавниот дом неколку недели.

Горенаведената група функционери неодамна се состана неколку пати за да даде директна порака за нивното незадоволство, но се чини дека состанокот во саботата го смири незадоволството во ДУИ. Ахмети веќе неколку пати го потврди ставот дека нема да има реконструкција на владиниот кабинет.

Врие во партијата на Али Ахмети: Од пресметките во ДУИ се „дезинтегрира“ Собранието

Ахмети: Сите разлики меѓу нас се надминати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот